Одличен начин да ја подготвите пастрмката на здрав начин, без додатоци на масло. Бадемите дополнително го збогатуваат вкусот на рибата, па сме сигурни дека ќе уживате. Добар апетит!
Филети од пастрмка со бадеми
By June 21, 2013
Published:Одличен начин да ја подготвите пастрмката на здрав начин, без додатоци на …
Ingredients
- 100 г излупени бадеми
- 1 кафена лажица рендана кора од лимон (или лимета)
- 1,5 кафени лажички копар
- 20 г путер
- 4 филети од пастрмка (околу 200 г секоја)
- малку сол и црн пипер
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Измелете ги бадемите покрупно во блендер или машинка за мелење.
- 2.Ставете ги бадемите во подалбок сад, додадете ја ренданата кора од лимон, растопениот путер, копарот и сол и црн пипер по вкус, и измешајте добро со рака додека смесата не се изедначи.
- 3.Ставете ги филетите од риба во тавче врз хартија за печење, а потоа одозгора распоредете ја смесата со бадеми (притиснете малку за да се залепи).
- 4.Печете во рерна 12-15 минути или додека рибата не омекне. Послужете ги филетите со листови од зелена салата и парче лимон (или лимета).
- 5.Забелешка: овие филети одлично одат со пире или со варен ориз.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна