Домашно замесени кифлички, зарем има нешто повкусно? Ние од Мигусто сме едногласни на ова прашање. Нема! Проверен рецепт кој мора да го направите. Ја имате нашата препорака.
Гурмански кифлички
By October 26, 2015
Published:- Prep: 35 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 60 mins
Домашно замесени кифлички, зарем има нешто повкусно? Ние од Мигусто сме …
Ingredients
- 1 кг брашно (состојки за тесто)
- 2 пакетчиња сув квасец (состојки за тесто)
- 500 мл млеко (состојки за тесто)
- 200 г путер (или маргарин) (состојки за тесто)
- 200 мл кисело млеко или јогурт (состојки за тесто)
- 50 мл масло за готвење (состојки за тесто)
- 2 лажички сол (состојки за тесто)
- 3 лажички шеќер (состојки за тесто)
- 200-300 г сирење (фил)
- 100 г кулен (фил)
- 1 јајце (за премачкување)
- малку сусам, ким, крупна сол (за посипување)
Instructions
1.Во подлабок сад ставете го ставете ги сите состојки потребни за подготовка на кифличките. Замесете мазно тесто. Тестото треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се обликуваат кифлите.
2.Оставете го тестото на топло да нарасне убаво т.е да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен.
3.Нараснатото тесто, префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 8 топчиња.
4.Секое топче растегнете го во кружна форма и пресечете го на 8 триаголници.
5.На поширокиот дел од триаголникот ставете малку сирење, кулен, или пак нешто друго па ваша желба.
6.Секој наполнет со фил триаголник свиткајте го во форма на кифличка.
7.Направете ги сите кифли, наредете ги во тавчиња врз хартија за печење и оставете ги да одморат (да нараснат) уште барем 30 минути.
8.Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени, измешајте го јајцето со малку масло и мачкајте ги кифлите непосредно пред печењето.
9.Кифличките посипете ги со сусам, ким и/или сол и печете околу 20 минути или се додека не добијат убава златна боја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна