Зошто обични коцки проја кога едноствано со неа можете да направите чудо. Да се пофалиме си купивме нови модли, кои совршено ни се најдоа за овој мал експеримент. Направивме мали проички декорирани со шери домати, виршли и маслинки, а со остатокот од смесата приготвиме проја срценца.
Гурмански проички
By October 9, 2015
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 40 mins
Зошто обични коцки проја кога едноствано со неа можете да направите чудо. …
Ingredients
- 3 јајца
- 2 шолји пченкарно брашно
- 1 шолја брашно
- 1 шолја јогурт (по потреба и малку повеќе)
- ½ шолја масло за готвење
- ½ пакетче прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка шеќер
- неколку виршли (сечкани на мали парченца)
- неколку маслинки (сечкани на пола)
- неколку шери домати (помали)
Instructions
1.Во пластичен сад ставете ги сите состојки. Изматете ги со миксер додека не добиете фина еднолична смеса. Насечкајте виршли, маслинки и подгответе ги шери доматите.
2.Модлите премачкајте ги со масло или путер. Ако немате готварски шприц импровизирајте. Наполнете ја смесата во обична кеса за замрзнување. Потоа сипете во модлите и декорирајте.
3.Бидејќи ни остана од смесата, а при тоа си купивме нови модли, ние решивме да ги искористиме и да видиме што ќе добиеме. Освен декорација со маслинка, шери и вришли, наросивме малку ким и сусам.
4.Пројата печете ја во загреана рерна на 220 степени. На малите проички им треба не повеќе од 15 минути, додека за пројата во модли некаде околу 20 до 25 минути.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна