Зарем има нешто повкусно од тазе испечени соленки кои шират неодолив мирис и отвораат апетит! Дефинитивно нема, ќе речат мераклиите на домашно приготвено пециво. Мигусто ви препорачува задолжително да ги пробате, верувајте ќе станат едни од вашите омилени.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Интегрални соленки

By January 6, 2017
Published:- Prep: 1 hr 15 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 45 mins
Зарем има нешто повкусно од тазе испечени соленки кои шират неодолив …
Ingredients
- 150 г ржано интегрално брашно (Виталиа)
- 350 г бело брашно
- 250 мл вода
- 2 супени лажици SoVita соино млеко во прав (Виталиа)
- 120 мл ладно цедено сончогледово масло (Виталиа)
- 1 пакетче сув квасец
- 1 ½ кафена лажичка сол
- интегрален сусам за посипување (Виталиа)
Instructions
1.Замесете тесто од сите состојки и оставете го да отстои 30-тина минути. Потоа тестото поделете го на топчиња (со тежина од околу 40 г секое) и оставете ги да отстојат уште 30-тина минути.
2.Секое топче ставете го на хартија за печење, покријте го со проѕирна фолија и расукајте го во што е можно потенка кора. Потоа кората завиткајте ја во форма на тенка кифла.
3.Стапчињата наредете ги во тавче врз хартија за печење, премачкајте ги со смеса од 100 мл вода и 1 супена лажица брашно и посипете ги со интегрален сусам Виталиа.
4.Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути. Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 20-тина стапчиња.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна