Не знам за вас, но ние овде во Мигусто сме страшно големи љубители на нескафе, а не заостануваме ни по љубовта кон чоколадото, и општо…љубовта кон се што е слатко. Затоа денес ви претставуваме едни од нашите најомилени кексчиња (за со кафе, а богами и за онака….). Пробајте!
Чоколадни кекси со нескафе
By July 19, 2013
Published:Не знам за вас, но ние овде во Мигусто сме страшно големи љубители на …
Ingredients
- 200 гр брашно
- 200 гр путер
- 50 гр густин
- 50 гр шеќер во прав
- 1 прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- 120 гр млечно чоколадо
- 2 кафени лажички нескафе (растворени во две супени лажици вода)
- 20-25 излупени бадеми
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 190 степени. На пареа или во микробранова печка растопете 115 грама од чоколадото, а остатокот сочувајте го за подоцна.
- 2.Путерот добро измешајте го со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а потоа додадете ја растопената чоколада и кафето.
- 3.Брашното измешајте го со густинот и прашокот за пециво, а потоа смесата постепено додавајте ја во смесата со растопено чоколадо.
- 4.Кога добро ќе се соединат двете смеси, со шриц правете украсни кругчиња во тавче врз хартија за печење (ако ви е смесата многу тврда па не поминува низ шприцот, додадете 2-3 супени лажици млеко и измешајте).
- 5.На средината на секое колаче ставете по еден излупен бадем. Печете ги 15 минути во загреана рерна.
- 6.Забелешка: Не се многу благи, па слободно додадете шеќер во прав, а се највкусни ако постојат неколку дена откако ќе се направат.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна