Сладок и освежувачки коктел со вкус на чоколадо и кафе кое инстант ќе го подигне вашето расположение. Идеален во борбата против мамурните утра кои се закануваат да ви го уништат денот. Еве го лекот!
Коктел со чоколадо и нескафе
By May 12, 2014
Published:Сладок и освежувачки коктел со вкус на чоколадо и кафе кое инстант ќе го …
Ingredients
- 7 гр нескафе (растопено во 30 мл топла вода)
- 75 гр темно чоколадо (грубо исечкано)
- 75 гр путер
- 2 јајца (одвоени белки и жолчки)
- ¼ лажичка екстракт од ванила
- 65 гр шеќер (плус ½ лажичка за шлагот)
- 150 мл слатка павлака
- 1 лажичка бејлис ликер
- неколку бадеми (за декорација)
Instructions
- 1.Во садче со средна големина измешајте го распопеното кафе, чоколадото и путерот . На тивок оган мешајте неколку минути за да добиете фина смеса.
- 2.Во друга чинија измешајте ја жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот. Додадете ½ лажичка ладна вода. Гответе на пареа додека смесата не се соедини.
- 3.Со миксер изматете ја белката со шеќерот (½ лажица) и додадете ја во смесата која уште е на пареа. Продолжете да мешате уште минута две. Потоа оставете ја добро да се олади.
- 4.Потешкиот дел од работата е готов. Ви преостанува само добро да ги измешате двете смеси и да направите прелив од павлаката и ликерот Бејлис.
- 5.Коктелот е готов. Послужете го во убава чаша. Прво ставете чоколадна смеса, а одозгора од белиот прелив. Декорирајте со парченца лешници.