Се што прави баба ми е најубаво на свет, па така e и со овие едноставни колачиња, кои просто ги обожавам. Прекрасен рецепт на Александра.
Колачињата на баба ми
By April 10, 2014
Published:Се што прави баба ми е најубаво на свет, па така e и со овие едноставни …
Ingredients
- 4 јајца
- 4 мали филџани шеќер
- 4 мали филџани масло за готвење
- 4-5 лажици мед
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- по потреба брашно
- --- Глазура:
- 150 г шеќер
- 150 мл вода
- 5 лажици какао
- --- И уште:
- малку мармалад или чоколаден крем (за спојување на колачињата)
- малку кокос, мелени ореви, бадеми, лешници (за горната површина)
Instructions
- 1.Од сите состојки се замесува тесто, а брашно се додава додека да се добие нелепливо тесто, како за леб.
- 2.Се формираат топчиња, а од нив се формираат долгнавести црева, како сукало, со дебелина колку прст. Се поставуваат 2 такви долгнавести форми едно до друго и со остар нож се сечат по 2 колачиња со должина околу 5 см. Секој пар од така пресечените колачиња, се реди на намрсено тавче и тоа така како што се сечени,секој пар кој е заедно сечен, едно до друго на мало растојание. Се печат на 180 степени. Веднаш по печењето, тавчето се затресува за да се пододлепат, бидејќи ако се остават така да се оладат стануваат кршливи.
- 3.Секој пар од колачињата се поврзува со мармалад по сопствен избор или некој чоколаден крем.
- 4.Залепените колачиња се потопуваат до половина во чоколадна глазура, а потоа тоа делче се валка во кокос или (малку потпечени,а потоа мелени) ореви, бадеми, лешници.
- 5.За глазурата се варат сите состојки, пасе остава сосема малку да се олади.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна