Нашиот омилен рецепт печени компири, но овојпат приготвен на многу покреативен начин, кој верувајте ќе ги импресионира сите кои ќе имаат прилика да ги видат и пробаат овие компир елкички. Прекрасни се нели?
Компир елкички
By October 29, 2015
Published:- Prep: 35 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Нашиот омилен рецепт печени компири, но овојпат приготвен на многу …
Ingredients
- 5 поголеми компири
- 5 јајца (само жолчки)
- 30 г путер
- 2 лажички сол
- црн пипер
- мускатно оревче
- ½ шољичка павлака (или хопла)
- 1 јајце ( за премачкување)
Instructions
1.Исечкајте ги компирите на половинки. Во голем сад ставете вода, посолете ја и почекајте додека да зоврие. Ставете ги компирите да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги.
2.По пет минути откако малку ќе се подоладат убаво испасирајте ги. Ако немате алатка за пасирање можете да користите и обична вилушка.
3.Скршете пет јајца и внимателно одвојте ги жолчките. (За овој рецепт белки не ни требаат, тие можете да ги искористите за некој друг рецепт). Ставете ги во пасираните компири.
4.Потоа додадете путер, сол, црн пипер и нарендајте мускатно оревче. Промешајте за да смесата стане компактна.
5.Смесата наполнете ја во пекарски шприц. Премачкајте го плехот со малку путер и загрејте ја рерната. Внимателно направете кружни формички, односно елкички.
6.Откако ќе ги направите сите формички, премачкајте ги елкичките со смеса од жолчка и павлака.
7.Печете околу половина час, се додека елкичките на рабовите не добијат златно кафена боја. Бон апетит.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна