Иако корнетот најчесто го врзуваме со сладолед, овој пат направивме отстапка и го наполнивме со крем и тоа од ванила. Мммм, добивме нешто тотално вкусно и лудо познато… мала кремпита? Прсти да излижеш!

Корнети со крем од ванила

By А.А.З. Published: May 20, 2014

    Иако корнетот најчесто го врзуваме со сладолед, овој пат направивме …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Лиснатото тесто со сукало малку расукајте го. Ако користите смрзнато лиснато тесто, прво нешто треба да направите е да го оставите околу половина час на собна температура. Тестото не треба да биде ниту премногу меко, ниту претврдо. Ако се лепи можете да го посипете со малку брашно.
    2. Корнети со ванила крема - Лиснато тесто2.Лиснатотот исечете го на лентички со ширина од 2 сантиметри. Лентичките свиткајте ги околу металниот калап и печете во загреана рерна на 200 степени околу 12 минути. Кога се готови, извадете го калапот и оставете ги да се оладат.
    3. 3.Во сад за готвење ставете 400 мл млеко да зоврие.
    4. Корнети со ванила крема - Крем4.Во друг сад измешајте ги жолчките, шеќерот, ванилинот шеќер, брашното и пудингот од ванила со 100 мл млеко. Оваа смеса префрлете ја во садот со млеко и мешајте на оган се додека не се згусне.
    5. 5.Кога смесата ќе се олади, додадете и 30 путер и повторно добро промешајте.
    6. Корнети со ванила крема - Сервирани6.Со помош на шприц за готвење, наполнете ги корнетите со кремот од ванила. По желба наросете шеќер во прав и послужете ги ладни.