Вкусни солени грицки кои се топат во уста. Одлични во комбинација со ладно пиво и добро друштво. Единствената мана им што може да ги снема уште пред да бидат сервирани. Покажете карактер и почекајте ги пријателите!
Крекери од палента со пармезан
By June 11, 2016
Published:Вкусни солени грицки кои се топат во уста. Одлични во комбинација со …
Ingredients
- 150 г брашно
- 100 г пченкарен гриз (палента)
- 50 г пармезан
- малку оригано (босилек или рузмарин)
- 3 лажици маслиново масло
- 125 мл вода (околу пола чаша)
- малку сол
Instructions
1.Во сад за матење, ставете брашно, гриз, рендан пармезан и оригано. Добро промешајте и додадете масло и вода и мешајте се додека не добиете компактна смеса леплива на раце. Доколку ви се чини дека смесата е пресува, додадете уште малку вода.
2.Добиеното тесто поделете го на две топчиња и со помош на сукало, расукајте ги топчињата најмногу што можете за да добиете тенка кора. Со ребрест нож, сечете ја кората во форма на правоаголници и префрлете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за готвење. По потреба, одозгора посипете со крупна сол.
3.Печете во загреана рерна, на 200 степени околу 10 минути се додека крекерите не добијат златно кафеавкаста боја. Послужете ги оладени.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна