Кремаст и вкусен десерт. Едноставен за приготвување, за кој ќе ви треба таман време ако некој ви пека да му спремите десерт и да му го приготвите додека го држи трпението. Супер избор верувајте.
Крем торта
By January 10, 2017
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 50 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Кремаст и вкусен десерт. Едноставен за приготвување, за кој ќе ви треба …
Ingredients
- 300 г брашно (состојки за тесто)
- 150 г шеќер во прав (состојки за тесто)
- 40 г ванилин шеќер (состојки за тесто)
- 170 г путер (состојки за тесто)
- ½ пакетче прашок за пециво (состојки за тесто)
- 4 жолчки (состојки за тесто)
- 700 мл млеко (состојки за крем)
- 1 рендана кора лимон (состојки за крем)
- 200 г шеќер (состојки за крем)
- 6 жолчки (состојки за крем)
- 80 г брашно (состојки за крем)
- 20 г путер (состојки за крем)
- 40 г бадеми (за посипување)
Instructions
1.Во сад, на оган, измешајте го млекото заедно со 100 г шеќер и оставете го да зоврие. Настрана, жолчките, со помош на маталка, изматете ги заедно со преостанатиот шеќер.
2.Во смесата со жолчките додадете го брашното, кората од рендан лимон и додадете го топлото млеко. Вратете го на оган, постојано мешајќи, околу 10-тина минути, оставете кремот да ја добие потребната густина. Во оладениот крем додадете путер.
3.Во пластичен сад измешајте ги сите состојки за подготовка на тестото. Месете се додека не добиете фина и хомогена смеса. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем половина час да се одмори.
4.Тестото расукајте со големи на калапот за печење. Калапот намачкајте го со путер и обложете го со расуканото тесто. Отстранете го вишокот тесто и со виљушка избоцкајте го.
5.Истурете ја претходно подготвената крема, наросете со крупно сечкани бадеми и печете во загреана рерна, ана 180 степени околу 50 минути. Оладената торта посипете ја со шеќер во прав и сервирајте ја.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна