Посни и многу вкусни лепчиња приготвени со маслинки и маслиново масло кои даваат извореден медитераснки шмек. Одличен рецепт на нашата пријателка Вања.
Леб/лепчиња со маслинки и маслиново масло
By April 7, 2014
Published:Посни и многу вкусни лепчиња приготвени со маслинки и маслиново масло …
Ingredients
- 600 г бело меко брашно
- 6 лажици маслиново масло
- 15 ливчиња свеж рузмарин
- 1 рамно наполнетолажиче сол
- 300 мл вода
- 2 лажички сув квасец
- 200 г црни маслинки (сечкани)
- 1 лажица стопен маргарин (за премачкување)
Instructions
- 1.Маслиновото масло со ливчињата рузмарин малку загрејте го (без да зоврие), оставете да отстои 15-тина минути, па одстранете ги ливчињата.
- 2.Во длабок сад за месење, ставете САМО 500 г од брашното, додајте ги и останатите состојки освен маслинките и месете со миксер 10-тина минути. Доколку се одлучите да месите рачно, тогаш продолжете го времето на 20 минути. На крајот во тестото додајте ги и маслинките и месете за да се изедначи смесата.
- 3.Доколку тестото е премногу лепливо, додајте уште малку брашно но не повеќе од 50 г.
- 4.Оставете го тестото да стасува 40-тина минути.
- 5.Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. На слабо побрашнета работна површина, нежно премесете го тестото и формирајте векна леб или малечки долгнавести векнички.
- 6.Намрсете ја тавата за печење или калапот за леб, оставете уште еднаш малку да стаса подготвеното тесто 10-тина минути, и потоа печете додека површината да добие светло кафеава боја.
- 7.По печењето, премачкајте ја површината со стопен маргарин.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна