Уште едне феноменален рецепт од нашиот верен шеф Валентина. Овој ликер можете да го пакувате во мали симпатични шишенца со необични форми и да го подарите на вашите најмили.
Ликер од чоколадо
By June 20, 2016
Published:Уште едне феноменален рецепт од нашиот верен шеф Валентина. Овој ликер …
Ingredients
- 1 литар вода (измерете одвоено на едно место 0,8литри, на друго 0,2 литри)
- 1 кг кафеав шеќер (Демерара)
- 200 г какао (квалитетно )
- 1 пудинг од чоколадо (по можност од премиум пудинзите)
- 200-500 мл рум (или ракија) мл. по вкус
Instructions
- 1.Се зоврива 0,8 литри вода со кафеавиот шеќер. Тргнете го садот од шпоретот и намалете ја температурата на ринглата.
- 2.Во длабок сад измешајте го какаото со пудингот, а потоа растворете го со остатокот од водата. Оваа смеса внимателно додадете ја во претходно зовриената смеса.
- 3.Продолжете да ја варите смесата на тивок огон се додека да се добие убава густина.
- 4.Откако смесата ќе биде оладена додавајте го алкохолот во мали количества ( на пример по 50-тина мл) се додека не ја постигнете саканата јачина на ликерот. Зависно од квалитетот на какаото, се добива различна густина. Доколку добиете прегуст раствор, зовријте уште малку вода и од неа додавајте по малку додека не се добие густината која ќе Ви одговара.