На прв поглед, лимонот е едноставен кисел плод кој се користи исклучиво во исхраната. Но, лимонот има и други одлични својства, особено кога станува збор за неговото дејство врз убавината. Еве неколку начини на кои можете да го користите лимонот за разубавување.

Пилинг – измешајте свежо исцеден сок од лимон со шеќер, а потоа намачкајте ја кожата. Оваа смеса е одлична за отстранување на мртвите клетки од целото тело.

Против брчки – загрејте една чаша млеко заедно со две лажици сок од лимон и една лажица коњак. Нанесете ја смесата директно на лицето, вратот и деколтето, оставете ја да се исуши, а потоа измијте ја со млака вода.

Против флеки на кожата – нанесете сок од лимон на местото каде што имате флеки и добро измасирајте за да се упие. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете го местото со вода. Повторувајте ја оваа постапка два пати во денот.

Маска за лице – измешајте го сокот од еден лимон со четвртина шолјичка маслиново или малсо од бадем. Оваа маска ја чисти вашата кожа и и ја обезбедува потребната влажност.

Против перут – нанесете две лажици сок од лимон на темето и добро измасирајте. Исплакнете со вода, а на крајот целата коса исплакнете ја со шолја млака вода во која има малку лимонов сок.

За чисти и сјајни нокти – потопете ги рацете во купка направена од една шолја млака вода и половина исцеден лимон и оставете ги така 5 минути. Потоа убаво измасирајте  ги ноктите со внатрешната страна од кората на лимонот.