Еден од најпознатите од мноштвото мексикански делиции се секако и овие мексикански сендвичи. Касадиља (Quesadillas) е смеса на база на рендано сирење, месо, кромид, чили и такос сос и тортиља. Совршено за вистинските љубители на лута мексиканска храна и идеална во комбинација со текила или типично мексичко пиво како Корона.

Мексикански сендвич - Quesadillas

By А.А.З. Published: November 9, 2015

    Еден од најпознатите од мноштвото мексикански делиции се секако и овие …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Пилешкото месо го сечкаме на тенки лентички, го зачинуваме со маслиново масло, сол и мелен чили. Го пржиме на тефлонска тава без додавање на маснотии се додека месото не добие убава златно жолта боја.
    2. 2.Го мешаме пилешкото месо со сосот од домати, насечканиот кромид, магдонос и додаваме 150 гр. изрендан кашкавал.
    3. 3.Врз секоја ториља рендаме сирење, потоа ставаме ¼ од претходно приготвената смеса со пилешко месо, повторно рендаме кашкавал и одозгора ставаме тортиља. И преостанатите тортиљи ги полниме по истиот распоред.
    4. 4.Секоја тортиља ја загреваме на тефлонска тава се додека целиот кашкавал не се растопи. Ги сечеме попречно и ги послужуваме.