Ако нешто обожам тоа е домашни направена пица. Особено оваа со кулен, за која се тепаме по дома кој да земе парче плус. За да добијам поголема количина, решив да направам мини пици, нели за да има повеќе и сите да пробаат барем по парче.
Мини пица со кулен
By October 16, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Ако нешто обожам тоа е домашни направена пица. Особено оваа со кулен, за …
Ingredients
- 300 г брашно (состојки за тесто)
- 1/3 коцка свеж квасец (состојки за тесто)
- 180 мл вода (состојки за тесто)
- 30-40 мл масло за готвење (состојки за тесто)
- 1 лажичка сол (состојки за тесто)
- 1/2 лажичка шеќер (состојки за тесто)
- 150 г кашкавал (рендан)
- 70-80 г кулен (тенко сечкан)
- 70-80 г свежи печурки
- 9 лажици сос од домати
- малку оригано
Instructions
- 1.Во сад, измешајте ги сите состојки за подготовка на тестотот. Месете се додека не добиете фино тесто, покријте го и оставете го да нарасне.
- 2.Нараснатото тесто поделете го на три дела. На набрашнета површина, секој дел расукајте го во кружна форма, со дебелина од 3-4 мм.
- 3.Во меѓувреме, тавчето за печење превртете го наопаку и наросете го со малку брашно. Рерната загрејте на на 220 степени и тавата за печење ставете ја наопаку за да се загрее.
- 4.Вр секое расукано тесто ставете доматен сон. Одозгора ставете рендан кашкавал и сечкан кулен.
- 5.Печурките измијте ги, сечкајте ги и наредете ги врз куленот.
- 6.Подготвената пица, со помош на широка спатула, внимателно (да не се изгорите) ставете ја врз загреаното тавче за печење.
- 7.Печете 10-тина минути или се додека тестото не стане крцкаво.
- 8.Готовата пица малку испрскајте ја со вода, оставете ја неколку секунди па сервирајте ја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна