Крцкави однадвор, а сочни одвнатре. Похувани моцарела стапчиња како идеално предјадење послужено со вашиот омилен домашен сос. Не се двоумете, не ви треба никаква мајсторија за да ги приготвите овие фини моцарела грицки. Уживајте!
Моцарела стапчиња
By February 8, 2017
Published:Крцкави однадвор, а сочни одвнатре. Похувани моцарела стапчиња како …
Ingredients
- 1 пакување моцарела сирење
- 1 јајце
- 100 гр брашно
- 100 гр презла
Instructions
- 1.Исечете ја моцарелата на стапчиња. Во 3 садчиња подгответе ја смесата за панирање.
- 2.Секое стапче моцарела извалкајте го прво во брашно, потоа во јајце, па во презла. Потоа уште еднаш во јаце и презла. (ако има делови од моцарелата кои не се добро покриени со смесата за панирање, повторете ја истата постапка, за да не ви се случи моцарелата да истече и стапчињата да останат празни)
- 3.Откако сите стапчиња моцарела добро ќе ги испанирате, пржете ги во загреано масло за јадење неколку минути додека не добијат златна боја.
4.Во меѓувреме можете да си го направите вашето омилено домашно сосче или да искористите готов мајонез, кечап или тартар како макало.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна