Сите љубители на намази ќе бидат воодушевени од овој сончогледов кој се припрема екстремно брзо, а вкусот е неповторлив. Одличен за доручек, како предјадење додека се мези на маса и се очекува главното јадење или за попладневна закуска.
Намаз од сончоглед
By August 20, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 20 mins
Сите љубители на намази ќе бидат воодушевени од овој сончогледов кој се …
Ingredients
- 100 г семки од сончоглед (излупени)
- 100 мл масло за готвење
- 50 мл вода (се препорачува зовриена па оладена)
- 1/2 сок од лимон
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка сол
- малку црн пипер, магдонос, куркума
Instructions
- 1.Прво и најбитно е сончогледот да се натопи во вода и се остава да набабри барем 4 до 5 часа (или преку ноќ).
- 2.Исцедениот и набабрениот сончоглед како и сите останати состојќи се ставаат во блендер и се блендираат се додека не се добие густа, хомогена и мазна смеса.
- 3.Накрај се зачинува по желба, повторно малку се меша и се става во соодветен сад со капак. Намазот се чува во ладилник.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна