Сте се запрашале ли некогаш од што се состои идеалното дневно мени на нутриционистите? Ако и вие сакате да се приклучите во таа група на луѓе кои се хранат здраво ова е кратката листа на производи кои секојдневно треба да бидат на вашето мени.

Цитрусно овошје

Само еден портокал ќе ви обезбеди 120 проценти од препорачаната доза витамин Ц. Овој витамин (освен во портокалот, го има и во лимонот, црвениот и жолтиот цитрон) не служи само за јакнење на имунитетот, туку помага и при слабеење, го намалува количеството на слободните радикали и го намалува ризикот од т.н метаболични синдром кој предизвикува дијабетес и срцеви болести. Научниците докажаа дека витаминот Ц ги разградува мастите и оние кои секојдневно земаат природни дози витамин Ц имаат помалку шанси да се здебелат.

Темна чоколада

Темната чоколада е здрава, тоа го имаат докажано многу истражувања. Но бидете внимателни, се мисли на чоколадото кое содржи најмалку 70 проценти какао. Иако звучи нереално, секојдневното јадење темно чоколадо ќе ви помогне да ослабнете. Најдобро од се е фактот што овој тип на чоколадо го подобрува расположението, а антиоксиданските кои ги содржи го намалуваат нивото на слободни радикали во телото. Тоа значи, супер расположение, задоволена потреба од нешто благо, а при тоа нема опасност од здебелување.

Грав и мешунки

Докажано е дека луѓето кои секојдневно јадат грав и мешунки имаат 22 проценти помалку шанси за дебелеење.Тие се одличен извор на влакна, протеини, витамини и минерали. Дури и малата секојдневна употреба на грав и менушки – половина шољичка е сосема доволна да го намали нивото на холестерол за 8 проценти, а со тоа и да се намали опасноста од срцеви болести за дури 16 проценти.

Омиленото мени на нутриционистите

Бадеми

Иако бадемите содржат доста калории, тие нема да ве здебелат затоа што поголемиот дел од калориии и мастите не се апсорбираат. Но, тоа не е единствената причина поради која бадемите го поттикнуваат слабеењето. Протеините и влакната од бадемите ќе ве држат сити и ќе ви го регулираат апетитот. Познато дека бадемите имаат низок гликемиски индекс. Тоа значи дека нема да предизвикаат брзи падови или пораст на шеќерот во крвта, а со тоа нема да имате промена на расположението и ќе ја намали потребата од грицкање.

Авокадо

Освен што содржи масти кои се одлични за здраво срце и за намалување на лошиот холестерол, авокадото го забавува процесот на старее и штити од разни болести, пред се поради големото богатство од дури 20 различни витамини и минерали. Истражувањата покажале дека авокадото е одличен извор на влакна, витамини Е и К, магнезиум и калиум. Оваа тропска овошка и покрај големото количество масти го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето. Само 2 и пол лажици авокадо дневно ќе го зголемите количеството на каротен во вашиот организам за дури 7 пати.

Ѓумбир

Кога организмот пати од хронично воспаление, се зголемува ризикот од предвремено стареење и настанување на разни болести како дијабетес, болести на срцето и Перкинсоновата болест. Токму ѓумбирот ќе ви помогне во борбата со воспалението. Ѓумбирот ги намалува симптомите на остеоартритис. Луѓето кои секојдневно јадат ѓумбир на природен начин, без земање на лекови ќе ги намалат болките.