Здрави и многу вкусни колачиња подготвени со овес, приготвени без додаток шеќер. За да ја добијам посакуваната блажина искористив пасирани урми, а за подобар вкус одозгора ставив  и малку мармалад од кајсии и добив совршена комбинација.

Овесни колачиња

By Тетка Биберче Published: November 6, 2015

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Здрави и многу вкусни колачиња подготвени со овес, приготвени без …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во мелница за кафе, добро измелете го овесните снегулки. Измелете ги добро и бадемите или лешниците.
  2. 2.Урмите прелијте ги со жешка вода за да омекнат. Отстранете им ги семките и во блендер добро излблендирајте ги.
  3. 3.Во длабок сад, помешајте ги сите состојќи за подготовка на колачињата. Со миксер, а потоа и со раце, мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
  4. 4.Од тестото, вадете парчиња со тежина од околу 20 грама, формирајте топка, а потоа и спленете ја за да добиете форма на колаче.
  5. 5.Колачињата наредете ги на хартија за готвење и печете ги на 180 степени околу 10 минути. Иако навидум меки, но кога ќе се оладат ќе ја добијат посакуваната цврстина.
  6. 6.Во сад, на оган, ставете неколку лажици вода и лажичка желатин. На тивко, мешајте се доека желатинот не се растопи.
  7. 7.Измешајте го со мармаладот од кајсии, оставете го малку да се олади и намачкајте ги колачињата.
  8. 8.Оствете ги убаво да се оладат и желатинот да се стврдне, па сервирајте ги.