Во периодот кога има превкусна диња која можете да ја искористите за многу рецепти јас направив еден тип на овошен сладолед кој италијаните го нарекуваат „гранита„. Ако ви се допадна ова супер освежување, можете да го приготвите и со друг тип на овошје како лубеница или праски. Добар апетит.
Овошен сладолед од диња
By June 17, 2016
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 5 mins
- Ready In: 3 hrs 15 mins
Во периодот кога има превкусна диња која можете да ја искористите за …
Ingredients
Instructions
1.Дињата исчистете ја и исечкајте ја на парчиња. Ставте ја во блендер и изблендирајте ја.
2.Во сад, на оган, растопетет го шеќерот во вода. Гответе се додека шеќерот не се растопи.
3.Во блендираната диња ставете го растопениот шеќер и сокот од лимон и промешајте.
4.Истурете ја смесата во тавче и ставете ја во ладилник да се замрзне. Одвреме-навреме со вилушка изгребете го оној дел од смесата што е веќе замрзнат, па вратете го тавчето назад.
5.Повторете ја оваа постапка уште 2-3 пати или додека целата смеса не е добро замрзната и изгребана.
6. Сипете во чаши за мартини и украсете со малку кора од лимета.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна