Уште еден деликатес од кујната на Мигусто. Овојпат панцероти полнети со соја и спанаќ, за сите љубители на домашни пецива. Доколку сакате, можете смесата со соја да ја поделите на два дела па едниот дел да го измешате со спанаќот, а во другиот дел да додадете малку доматен сос или кечап.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Панцероти со соја и спанаќ

By April 12, 2013
Published:- Prep: 40 mins
- Cook: 1 hr 15 mins
- Ready In: 1 hr 55 mins
Уште еден деликатес од кујната на Мигусто. Овојпат панцероти полнети со …
Ingredients
- 350 г брашно
- 150 г јачменово интегрално брашно (Bиталиа)
- 50 мл ладно цедено сончогледово масло (Bиталиа)
- 1 свеж квасец
- 1 кафена лажичка Демерара кафеав шеќер (Bиталиа)
- 1 ½ кафена лажичка сол
- 250 г спанаќ
- 50 г соја трошки (Bиталиа)
- ½ главица кромид
- 1 кафена лажичка вита зачин (Виталиа)
Instructions
1.Брашното, квасецот, маслото, шеќерот и солта замесете ги во мазно и компактно тесто. Оставете го тестото да постои додека двојно не му се зголеми волуменот, а во меѓувреме подгответе го филот.
2.Кромидот исечкајте го ситно и запржете го, додадете ја сојата претходно натопена со вода според упатството на пакувањето и зачинете со мешан зачин и сол по потреба. Пржете ја смесата 10-тина минути. На крајот додадете го обарениот и ситно исечкан спанаќ. Добро измешајте.
3.Кога тестото ќе нарасне, расукајте го во кора со дебелина од околу 3-4 мм. Од кората со помош на набрашнето калапче или чаша пресечете крукчиња.
4.На половина од крукчињата нанесете по една лажичка од смесата, потоа со вода натопете ги краевите и одозгора поклопете со друго крукче. На крајот со виљушка притиснете ги краевите на панцеротите за убаво да се залепат двете кори.
5.Наредете ги панцеротите во тавче врз хартија за печење и оставете ги да постојат уште барем 30-тина минути. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути или додека не добијат малку боичка. Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 20-тина панцероти.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна