„Оригиналното име на овие португалски колачи е паштел де ната, што всушност значи пудинг тарт… Толку многу се едноставни за подготовка, а богати на вкус, што не можете да престанете да ги јадете. Рецептот е на мојата драга пријателка Драгана од Белград.„ – ни напиша нашата пријателка Валентина.
И се разбира, Мигусто неможеше да остане рамнодушен, ги подготвивме, и стварно се феноменални.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Паштел де Ната
By March 1, 2014
Published:„Оригиналното име на овие португалски колачи е паштел де ната, што …
Ingredients
- 250 г брашно (за тесто)
- 1/2 лажичка сол
- по потреба вода
- 100-120 г путер (за премачкување на кората од тесто)
- 500 мл млеко (ФИЛ - прва варијанта)
- 180 г шеќер
- 1/2 кора од лимон (исечена на долги ленти)
- 10 г нишесте (густин)
- 30 г брашно
- 4 жолчки
- 1/2 кутивче ванила кристали
- 500 мл млеко (ФИЛ - втора варијанта)
- 180 г шеќер
- 1/2 кора од лимон (исечена на долги ленти)
- 1/2 кутивче ванила кристали
- 1 кесичка пудинг од ванила
Instructions
- 1.Од брашното,солта и водата замесете средно тврдо тесто.Откако ќе стане хомогено, месете уште околу 5 минути, па оставете го да се одмори додека да го подготвите путерот.
- 2.Во длабок сад со миксер изматете го пенесто путерот.
- 3.Од тестото рассукајте кора со димензија 40 х 20 см, премачкајте ја со половина од путерот, преклопете го тестото на 3 дела (левата третина кон десно, а десната третина преку неа), оставете го преклопеното тесто во фрижидер и подгответе го филот.
- 4.Околу 400 мл од млекото заедно со лентите од кора од лимон и шеќерот ставете го да зоврие, па отстранете ја кората од лимон. Во преостанатото млеко растворете го брашното и густинот со ванила кристалите, внимавајќи да не останат грутчиња, па додајте го во зовриеното млеко. Варете на тивко и често промешувајте да не загори. Изматете ги со миксер жолчките и вмешајте ги во сварениот крем. Со исклучена рингла варете с`е додека масата не стане едноична.
- 5.Така како што е преклопено, тестото рассукајте го уште еднаш во кора со димензија 40 х 20, премачкајте го со остатокот од путерот и завиткајте го во ролат од кој ќе исечете парчиња со должина 2-3 см или едноставно исечете онолку парчиња колку што вашиот калап за мафини има отвори.
- 6.Секое парче свртете го во отворот од калапот така што да го гледате зароланиот дел. Со прст притиснете го в среднината секое парче, и обликувајте го по рабовите од калапчето како што е прикажано во средниот ред по фази обележани со броеви.
- 7.Ставете од филот во секое подготвено колаче и печете на околу 200 степени додека да се добие златно жолта боја (околу 20-тина минути).
- 8.НАПОМЕНА: за подготовката на филот од втората варијанта, всушност само се вари пудинг според упатството од ќесичката. Се разбира, првата варијанта има малку повеќе работа, но дава и подобар резултат.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна