Запечен млад компир со малку павлака, пилешко и додаток рузмарин. Кремасто медитеранско уживање со секое залаче. Супер ручек за целото семејство. Добар апетит.

Печен компир „Фантазија“ со пилешко месо

By Тетка Биберче Published: August 16, 2013

    Запечен млад компир со малку павлака, пилешко и додаток рузмарин. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Компирот измијте го, излупете го и исечкајте го на ситни коцки.
    2. 2.Пилешкото месо, сланината и власецот (или млад кромид) исечкајте ги на мали парчиња.
    3. 3.Во аван, истолчете го рузмаринот заедно со останатите зачини.
    4. 4.Во подлабока тава за печење ставете го компирот, месото, сланината и власецот.
    5. 5.Прелијте со бело вино и ставете го истолчениот зачин. Добро промешајте.
    6. 6.Одозгора сипете од павлаката за готвење и нафрлете ги маслинките (пресечени на пола).
    7. 7.Тавата прекријте ја со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна 30 минути. Тргнете ја фолијата и печете уште 15-тина минути. Добар апетит!