Компири обожавам! Во сите можни варијанти и на сите начини. За денес решив да направам една моја комбинација која ја снемува за час. Доказ дека имам успешен рецепт, па затоа и го споделувам со вас. Направете и вие печени компири во сос и пишете дали ви се допаднаа 🙂
Печени компири во сос
By September 29, 2015
Published:Компири обожавам! Во сите можни варијанти и на сите начини. За денес решив …
Ingredients
- 600 г компири
- 30 г путер (омекнат)
- 350 мл павлака за готвење
- 120 мл млеко
- 2 лажици брашно
- 4 чешнина лук (ситно сечкан)
- 100 г кашкавал (изрендан)
- сол, црн пипер
Instructions
1.Компирот добро измијте го и исечкајте го на парчиња.
2.Во пластичен сад измешајте ја павлаката со млекото, додадете брашно, лукче, сол и црн пипер.
3.Садот во кој ќе се печат компирите намачкајте го со путер. Ставете пола од компирите, залијте ги со пола од претходно подготвениот сос, па додадете ги преостанатите компири и сос.
4.Садот со компири затворете го со алуминиумска фолија и печете 30 минути на 200 степени. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 20 минути се додека не добиете убава златеста боја.
5.На сам крај, одозгора ставете од ренданиот кашкавал и оставете го во рерна уште неколку минути само колку да се растопи кашкавалот.