Овие пирошки традиционални ги спремам за мојот роденден бидејќи сите мои пријатели ги обожаваат. Така беше и за овој. Дупла доза и сите задоволни. Моја препорака е во прва прлика и вие да ги направите и ќе се уверите зошто сите ми пекаат кога ќе има пирошчиња.
Печени пирошки
By November 18, 2015
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Овие пирошки традиционални ги спремам за мојот роденден бидејќи сите мои …
Ingredients
- 500 г готови кори
- 35 парчиња пилешка салама (исечена на круччиња)
- 500 г кашкавал (исечкан на ленти)
- малку кисела вода
- малку презла (за похување)
- 2 јајца (за похување)
- малку сол (за похување)
Instructions
1.Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.
2.На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.
3.Свиткајте ги страничните делови на кората.
4.Свиткајте ја кората во форма на ролат.
5.Постапката повторете ја со сите кори.
6.Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).
7.Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.
8.Вака подготвените пирошки може: - да ги замрзнете; - да ги испржите во загреано масло или; - да ги испечете;
9.Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна