Откако прв пат ја пробав оваа комбинација се воодушевив од резултатот и затоа од се срце ви ја препорачувам и на вас. Супер опција во моментите кога немате идеја што да направите за ручек, а ви се јаде нешто опасно вкусно. Добар апетит..
Пилешка тава со пире
By November 17, 2015
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 35 mins
- Ready In: 60 mins
Откако прв пат ја пробав оваа комбинација се воодушевив од резултатот и …
Ingredients
- 500 г компири (излупени и исечкани)
- 25 г путер
- 100 мл млеко
- 50-60 г кашкавал (рендан)
- 1/2 страк праз
- 1-2 перца млад кромид
- малку масло за готвење
- 2 лажици брашно
- 100 мл павлака
- 300 мл супа од коцка (пилешка)
- 300 г пилешко бело месо (сварено и исечкано)
- 70 г грашок
- малку магдонос
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Излупените и исечканите компири ставете ги во солена вода, оставете да зоврие, намалете го оганот и варете ги околу 15 минути или се додека не омекнат. Исцедете ги, изгмечете ги и додадете путер, млеко, рендан кашкавал и сол по потреба.
- 2.Празот исечкајте го на ситни парчиња и на масло за готвење пржете го се додека не омекне. Ставете брашно, промешајте, малку пропржете па додадете ја пилешката супа. Мешајте се додека не добиете фин сос.
- 3.Во сосот додадете ја павлаката и откако ќе зоврие додадете ги свареното пилешко месо, грашокот и ситно сечканиот магдонос. Зачинете со сол и црн пипер.
- 4.Истурете во тава за печење, а одозгора, подеднакво распоредете го пирето од компири. Печете го јадењето во загреана рерна, на 200 степени, околу 20 минути и уште неколку минути на грил опција се додека компирот не стане крцкав.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна