Еден од моите омилени репцети кој често го приготвувам токму поради тоа што сопругот и децата го обожаваат. Се надевам дека ќе ви се допадне и на вас. Убав апетит. Уживајте
Пилешки ролнички со сланина
By August 14, 2012
Published:Еден од моите омилени репцети кој често го приготвувам токму поради тоа …
Ingredients
- 600 г пилешко месо
- 70 г свински врат или печеница
- 1 јајце
- 100 г кашкавал (исечен на стапчиња)
- 10 листови сланина
- 2 кришки леб (средината натопен во млеко)
- 2 лажици презла
- 1 главица кромиид
- сол, црн пипер, вегета
- ситно сечкани магданос
Instructions
1.Исечкајте го пилешкото, кромидот и свинскиот врат на парченца. Овие три состојки потоа одат во блендер добро да се измелат и за да се добие фина, компактна смеса.
2.На оваа смеса додадете едно јајце, лебни трошки, зачини и парчиња од мекиот дел од двете кришки леб(кои претходно добро сте ги натопиле во млеко и убаво исцедиле)
3.Целата смеса добро промешајте да се соединат сите состојки. Поделете ја на десет делови. Од секое направете долгнавесто ќофте и ставете парче кашкавал. Обвиткајте го со парче сланина. (Употребата по една чачкалица за сланина да не се одвои при печење)
4.Печете во добро загреана рена на 180 степени околу 40 минути. Послужете со сос од павлака, мајонез или некој друг по ваша желба. Декорирајте со свеж магданос.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Средна