Пилешкото важи за едно од најконзумираните меса кај нас. А зошто и да не. Нема многу маснотии, а со него можат да се направат мал милион рецепти. Еве еден таков, пилешко со лимон, предлог за денешен ручек.

Пилешко со лимон

By Тетка Биберче Published: April 25, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 1 hr 10 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Пилешкото важи за едно од најконзумираните меса кај нас. А зошто и да не. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Пилешкото месо добро измијте го и ставете го во зовриена вода да се вари околу 30 до 40 минути.
  2. 2.Откако месото ќе се свари, ставете малку на хартија за да ја впие водата, па потоа, со нож засечете го горниот дел на неколку места надолжно.
  3. 3.Во сад ставете 4-5 лажици маслиново масло, исцедете сок од 1 лимон, ставете гранче рузмарин, малку оригано и пола китка магдонос. Измешајте ги состојките, зачинете со сол и црн пипер и ставете го месото во маслото да отстои барем десетина.
  4. 4.Отстоеното пилешко месо ставете го во грил тава на малку масло и пржете го се додека зарумени. Вториот лимон измијте го, исечкајте го на четвртини и ставете го во грил тавата
  5. 5.Откако ќе зарумени, постепено налевајте од маслиновото масло со зачини гответе го уште 20 минути. Сервирајте го топло и украсено со неколку гранчиња рузмарин.