Комбинација од три нешта за кои знаеме дека не постои човек кој не ги обожава. Пита, ајвар и сирење се во едно.  Превкусно, прекрасно, совршено. Ова е нашиот најнов деликатес кој мора и вие да го приготвите.

Пита ајварка

By Тетка Биберче Published: September 30, 2015

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 2 hrs 10 mins

Комбинација од три нешта за кои знаеме дека не постои човек кој не ги …

Ingredients

Instructions

  1. Тесто1.Брашното замесете го со сувиот квасец, шеќерта и млекото. Додадете масло и сол и месете се додека не добиете мазно тесто. Покријте го и на топло оставете го да нарасне (барем дупло).
  2. Расукано тесто2.Тестото поделете го на два дела. Првиот дел расукајте го во тенка кора.
  3. Сечење на првиот круг3.Врз тестото ставете чинија (со средна големина) и исечете круг. Кругот ставете го врз тавче за печење.
  4. Сечење на вториот круг - кора4.Останатиот дел од тестото повторно замесете го, расукајте го во тенка кора и со истата чинија исечете уште еден круг.
  5. Правоаголно тесто5.Втората половина од тестото расукајте во тенка правоаголна кора. Со нож исечете ги краевите за да добиете добар правоаголник.
  6. Фил - ајвар и сирење6.Подгответе го филот. Сирењето издробете го и ставете го во блендер. Додадете ајвар и се добро испасирајте.
  7. Премачкана кора со фил7.Правоаголната кора премачкајте ја со филот. Подеднакво распоредете го врз површината.
  8. Пресечена кора на ленти8.Исечете идентични (по ширина) ленти.
  9. Ролување на првата лента9.Првата лента свиткајте ја во ролат и ставете ја врз втората лента, на почеток.
  10. Ролување на втората лента10.Заедно свиткајте ги лентите во ролат.
  11. Ролатите врз округлата кора11.Поголемиот ролат ставете го врз првата округла кора и околу ролатот продолжете со виткање на лентите.
  12. Свиткани сите ленти кори12.Сите ленти свиткајте ги околу ролатот за да добиете поголем ролат.
  13. Втората округла кора13.Вториот круг тесто ставете го врз ролатот и со раце притиснете ги краевите.
  14. Виткање на краевите14.Притиснатите краеви свиткајте ги за да останат залепени. Изматете едно јајце и премачкајте ја кората. По желба наросете со сусам, ким или сл.
  15. Пита ајварка - испечена15.Питата печете ја во загреана рерна, на 220 степени, околу 30 минути или се додека не доние златно-кафена боја.