Декоративна и многу вкусна. Одлична е да ја приготвите за некоја свечена прилика, да ја поставите на софра и да ги изненадите пријателите и роднините. Ако во блиска иднина немате некој свечен повод не морате да чекате до тогаш. Подгответе ја во прва прилика и пишете ни како ви се допадна.
Погача цвет
By November 3, 2015
Published:Декоративна и многу вкусна. Одлична е да ја приготвите за некоја свечена …
Ingredients
- 500 г брашно
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- ½ коцка свеж квасец
- 150 мл млако млеко
- 3 лажици кисело млеко
- 2 лажици масло за готвење
- 2 јајца
- 3-4 лажици масло за јадење ( за премачкување на корите)
- 1 јајце (за премачкување на питата)
- малку сусам, ким, крупна сол (за посипување)
Instructions
- 1.Од сосотојките за подготовка на питата, замесете мазно тесто, покријте го и на топло оставете го да нарасне.
- 2.Стасанато тесто поделете на 4 дела. Секој дел расукајте го во помал круг, намачкајте го со масло и врз него ставете го другиот круг. Истото направете го третиот и четвртиот дел. Тестото оставете го да се одмори барем 15-тина минути.
- 3.Одмороенот тесто расукајте го во поголем круг и пресечете го на 16 тригаолници (најрвина на 4, па на 8 и накрај на 16).
- 4.Тавата за печење (со дијаметар од 24 см) намачкајте ја со масло.
- 5.Секој триаголник свиткајте го во форма на кифличка. 12 од триаголниците распоредете ги во круг во тавата за печење.
- 6.Останатите 6 пресечете ги на пола и ставете ги во средниот дел. Погачата оставете ја покрај рерната, на топло, за повторни да нарасне.
- 7.Рерната уклучете ја на 200 степени. Непосредно пред печење, намачкајте ја со јајце и наросете со крупна сол и сусам.
- 8.Печете околу 30 минути или се додека погачата не добие златно-кафена боја.
- 9.Испечена, покријте ја и оставете ја да се олади. Добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна