Откако ги направивме овие колачиња кои се топат во уста, целата кујна ни мирисаше прекрасно. Блага арома на портокал кој ги буди сите сетила. Многу едноставно се приготвуваат и се изворедни. Единствената мана е што брзо ги снема.
За подготовка на овој рецепт го користевме силиконскиот сад Roll cake mat на производителот Lekue изработен од 100 % платинум силикон. Побарајте го и купете го во продавницата на Карес.
Полумесечинки со вкус на портокал
By December 25, 2016
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Откако ги направивме овие колачиња кои се топат во уста, целата кујна ни …
Ingredients
- 250 г брашно
- 200 г маргарин (омекнат)
- 100 г ореви (ситно мелени)
- 70 г шеќер во прав
- 1 пакетче ванилини кристали
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 рендана кора портокал
- 100 г шеќер (за валкање)
- 1 рендана кора портокал (за валкање)
- малку жолта боја за храна (за премачкување)
Instructions
1.Брашното измешајте го со маргаринот, оревите, шеќерот во прав, прашокот за пециво, ванилата и кората од портокал. Месете се додека не добиете хомогена смеса. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го вофрижидер минимум 1 час.
2.Оладеното тесто, поделете го на 4 дела, ролувајте го во должина па секој дел поделете уште на 10-15 дела.
3.Од секое парче тесто направете топче а потоа ролувате и свиткајте го во форма на полумесечина.
4.Готовите полумесечинки нарадете ги во тава за печење обложена со хартија. Доколку користите силиконска тава на Lekue, нема потреба од хартија.
5.Печете на 180 степени, околу 10 до 12 минути внимавајќи да не потемнат. За подраматичен изглед, откако ќе се испечат намачкајте ги малку со жолта боја.
6.Додека се сеуште топли, извалкајте ги во шеќер измешан со кора од портокал. Но, долку ви се оладиле, премачкајте ги малку со стопен маргарин па извалкајте ги во шеќер.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна