Лилјана е веќе препознатлива по испревртените рецепти чиј конечен резултат е секогаш успешен. Таа за прв пат пошира јајца на ваков начин и вели дека е ова повеќе идеја-рецепт отколку рецепт. На сличен начин советува дека може да се направи и кајгана со сирење… Зошто да не испробате и нешто вакво кое сигурно ќе им се допадне на дечињата.

Поширано јајце

By Лилјана Илиева Published: November 26, 2015

    Лилјана е веќе препознатлива по испревртените рецепти чиј конечен …

    Ingredients

    Instructions

    1. Поширано јајце - постапка1.Земате најлонско кесе во кој пакуваме намирници за длабоко замрзнување, оние шушкавите, не обичниот најлон, намрснете го со малку зејтин, поставете го на филџан така што да биде кесата отворена.
    2. Поширано јајце - постапка22.Ставете магданос, на ситната страна од рендето рендана пиперка, морков.. или се она што саката да има во содржината на вака пошираното јајце, вие сами креирајте, врз ова скршете го внимателно јајцето, посолете и врз јајцето исто така можете да ставите од се што предходно сте нарендале, но морате да внимавате да не ја разлиете жолчката.
    3. Поширано јајце3.Врзете ја кесата со конец или наједноставно преврзете ја кесата сама околу себе, ставете во тенџере во кое веке врие водата. Варете го јајцето толку колку што сакате да го консумирате... ровко, тврдо, меко... ако се одлучите да остане меко јајцето, тогаш повторно мора да внимавате при самото вадење од кесата да не ја разлите жолчката.