Вкусен, ароматичен, лесен, едноставен, незаменлив и скоро никогаш непогрешлив десерт кој едноставно ве мами за повеќе и повеќе…
Ролат од лешник и кокос
By October 24, 2012
Published:- Prep: 30 mins
Вкусен, ароматичен, лесен, едноставен, незаменлив и скоро никогаш …
Ingredients
- 250 г мелени плазма кекси (состојки за црн фил)
- 250 г мелени лешници (состојки за црн фил)
- 250 мл млеко (состојки за црн фил)
- 50 г какао (состојки за црн фил)
- 50 г чоколадо за готвење (состојки за црн фил)
- 100 г шеќер во прав (состојки за црн фил)
- 100 мл слатка павлака (состојки за бел фил)
- 50 г бело чоколадо (состојки за бел фил)
- 50 г шеќер во прав (состојки за бел фил)
- 100 г кокосови трошки (состојки за бел фил)
Instructions
- 1.Во сад за готвење, измешајте го млекото, шеќерот и какаото и оставете да зоврие. Додадете го чоколадото и мешајте се додека се не се растопи.
- 2.Во смесата додадете ги мелените бисквити и мелениот лешник и мешајте се додека смесата не стане хомогена.
- 3.На работната површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја смесата во рамномерен слој во форма на правоаголник.
- 4.Во друг сад, на оган, слатката павлака измешајте ја со белото чоколадо и мешајте се додека не се растопи. Садот тргнете го од оган и додадете шеќер и кокос.
- 5.Врз темната смеса рамномерно распоредете од белата смеса и со помош на фолијата завиткајте го ролатот.
- 6.Ролатот ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна