Одличен, вкусен и здрав оброк со атрактивна зелена боја, полн со витамини и минерали како и едноставно брз за подготовка. Без разлика дали ќе го послужите како дополнување на главното јадење или како самостоен оброк, ова јадење ќе ги воодушеви сите.

Ролат од шунка и спанаќ

By Тетка Биберче Published: February 10, 2017

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 18 mins
  • Ready In: 33 mins

Одличен, вкусен и здрав оброк со атрактивна зелена боја, полн со витамини …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Спанаќот добро исчистете го, измијте го, добро исцедете го и исечкајте го на ситни лентички. И лукчето исечкајте го.
  2. 2.Со помош на миксер, белките изматете ги во цврст снег. Притоа додадете прстофат сол.
  3. 3.Жолчките пак измешајте ги со сечканиот лук, посолете и запиперете.
  4. 4.Во брашното додајте го густинот, додадете ги жолчките, мешајте и постепено додавајте од изматените белките. Мешајќи додадете ги и лентичките спанаќ.
  5. 5.Рерната загрејте ја на 160 степени. Плехот за печење обложете го со мрсна хартија за печење. Смесата рамномерно распоредете ја во плехот и печете околу 15 до 18 минути.
  6. 6.Врз испеченото тесто наредете парчиња шунка и формирајте ролат. Оставете го да се олади, исечкајте парченца и послужете ги како дополнување на главното јадење.