Одлична предлог на нашата верна пријателка Вања, која постојано не изненадува со прекрасни рецепти како со неколку модри патлиџани да направите супер вкусна салата.

Салата од модри патлиџани Recipe

By Валентина Крстевска Published: October 27, 2015

    Одлична предлог на нашата верна пријателка Вања, која постојано не …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Дното на тавата за печење се покрива со хартија за печење која се намрсува со масло. Рерната се вклучува на 175 степени за да се загрее.
    2. 2.Модрите патлиџани се сечат на кришки дебели најмногу 8-10 мм. Се редат врз хартијата за печење, одозгора се намрсуваат со масло и се печат околу 20 минути. Потоа, се превртуваат во тавата и се печат од другата страна уште 10-15 минути.
    3. 3.Вака подготвените модри патлиџани, по желба се послужуваат веднаш со додавање на лук, магдонос, вински оцет, сол и маслиново масло по Ваш вкус, или уште топли, веднаш се редат во подготвени тегли, се наросуваат со сол, магдонос, лук, алкохолен оцет и сончогледово масло и тоа на секои 2-3 реда, и притоа малку се притиснува содржината со лажица или толчник.
    4. 4.По исполнувањето на теглата, се притиснува со пластично решетче, се додава уште малку сол, оцет и масло, отворот се покрива со целофан, се затвора со капак и така приготвените тегли се стерилизираат во рерна загреана на 70-100 степени, околу 20 минути.
    5. 5.По ова време, се исклучува рерната,а теглите се оставаат внатре додека целосно не се оладат ( јас ги оставам околу 20-тина часа). Зависно од големината на патлиџаните, во една тегла од 720 гр., може да се постават околу 1,5 - 2 модри патлиџани.