Домашно приготвена салата е супер начин како да го задоволите потребното дневно количество на витамини кои му се потребни на вашиот организам. Ние ставивме додаток соја и резултатот беше повеќе од одличен. Наместо гранули од соја ви препорачуваме во некоја следна пригода да искористите соини шницли кои ќе ги исечкате на тенки ленти пред да ги испржите.


За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа

Шарена салата со соја

By Мигусто Published: November 25, 2015

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 25 mins

Домашно приготвена салата е супер начин како да го задоволите потребното …

Ingredients

Instructions

  1. Потребни состојки за подготовка на салатата1.Потопете ги соја гранулите со врела вода и оставете ги да отстојат. Во меѓувреме, исечкајте ги морковот, кромитчињата и краставицата на тенки стапчиња (како кибритчиња). Посолете ја краставицата и оставете ја да се цеди најмалку 30-тина минути.
  2. Запржена салата2.На тавче без масло ставете го сусамот малку да се запече, а потоа додадете малку масло и добро исцедените гранули соја. Пржете околу 10-тина минути.
  3. Шарена салата со соја3.Потоа во тавчето додадете ги морковот и младите кромитчиња и пржете уште 5 минути, или додека морковот малку не омекне. Додадете го мешаниот зачин Виталиа и тргнете го тавчето од оган.
  4. Шарена салата со соја4.Префрлете ја смесата во подлабок сад и почекајте неколку минути малку да се олади. Додадете ја свежата исцедена краставица и балсамираниот оцет, добро измешајте и послужете. Забелешка: Овие состојки се доволни за 4 лица.