Време е да внесете разноликост во вашата кујна. Подгответе тестенини на малку понеобичен начин. Направете солена торта која освен што изгледа прекрасно има феноменален вкус. Добар апетит.
Солена торта од макарони
By January 7, 2017
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 50 mins
Време е да внесете разноликост во вашата кујна. Подгответе тестенини на …
Ingredients
- 400 г тестенина по желба
- 400 г мешано мелено месо
- 1 главица кромид (ситно сечкан)
- малку масло за готвење
- малку вегета, сол, црн пипер
- 3 лажици путер (маргарин) (за бешамел сос)
- 3 лажици брашно (за бешамел сос)
- 700-800 мл млеко (за бешамел сос)
- малку вегета, сол, црн пипер (за бешамел сос)
- 2 јајца (за бешамел сос)
- малку кашкавал
Instructions
1.Тестените сварете ги според упатството на кесичката. Исцедете ги и префрлете ги во калап за торта. Доколку калапот не е тефлонски, премачкајте го малку со маргарин. Доколку не ги посоливте при варењето, сега малку посолете ги.
2.Во меѓувреме, на малку масло за готвење, запржете го кромидот и меленото месо. Зачинете по желба.
3.Во друг сад, погответе го сосот. Растопете го путерот, додадете го брашното и постојано мешајте. Внимателно сипете го млекото, зачинете и омешајте се додека не ја добие потребната густина..
4.Бешамел сосот тргнете го настрана, оставете го малку да се олади и додадете ги јајцата. Добри измешајте.
5.Врз сварените тестенини, истурете половина од бешамел сосот.
6.Одозгора, ставете го целото изпржено меленото месо.
7.Истурете го остатокот од бешамел сос и наросете со рендан кашкавал.
8.Печете во загреана рерана, на 200 степени, околу 20 минути. Тората оставете ја малку да се олади, отворете го калапот и сервирајте.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна