Ако постојат колачи за кои буквално има тепачки во нашата куќа, тоа се дефинитивно падобранците. Дојдени сме дури дотаму што кога и да се прави нешто друго слатко, коментарите се од типот “а не можеше да направиш нешто попаметно, како на пример падобранци???“. Навистина се можеби малку мачни за правење, ама верувајте, фантастични се!

Совршени домашни падобранци

By Гастронаутка Published: November 6, 2012

    Ако постојат колачи за кои буквално има тепачки во нашата куќа, тоа се …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на смеса со ореви1.Одвојте ги белките од жолчките во средно големо тенџере. Во белките ставете ги мелените ореви и половина килограм шеќер. Во едно тенџерче ставете околу 2 прста вода и ставете ја на оган да зоврие. Потоа тенџерето со белките, оревите и шеќерот ставете го одозгора.
    2. Подготвена смеса за падобранци2.Варете ја смесата на пареа на умерен оган 27 минути со мешање на секои 2-3 минути. Откако ќе се свари, тргнете ја настрана и оставете ја убаво да се олади.
    3. Изматени белки3.Во меѓувреме, изматете ги жолчките со додавање на 8-те лажици шеќер една по една, се додека не добиете компактна маса (бојата ќе осветли до многу бледо жолта).
    4. Варење на жолчките на пареа4.Префрлете ги изматените жолки во тенџерче, и повторно варете над пареа 13 д0 15 минути (додека шеќерот не се стопи убаво, а масата се згусне) со задолжително постојано мешање.
    5. Додавање на путер во смесата со жолчки5.Кога ќе се свари кремот, додадете го целиот путер исечкан на коцки за да се стопи побрзо и мешајте убаво.
    6. Додавање на чоколадо во смесата6.Чокладото растопете го на пареа или во микробранова печка, додадете го во кремот со жолчки и путер и мешајте додека смесата не се изедначи. Оставете го тенџерето да се олади до собна температура, а потоа ставете го во фрижидер (филот нема да ви се растекува ако го мачкате оладен).
    7. Спремни за печење7.Додека филот се лади, проверете дали смесата за тестото (белките, оревите и шеќерот) е на собна температура, па додадете ги 3-те лажици брашно и убаво промешајте. Со мала лажичка или со шприц за тулумби истиснувајте кругчиња во тавче обложено со хартија за печење (ако ставате со шприц ќе излезат убави округли).
    8. Испечени падобранци8.Печете ги во убаво загреана рерна на 160 степени точно 15 минути (ако се мали, 16 минути ако се средни или 17 минути ако се поголеми кругчињата). За да бидете сигурни, отворете ја рерната и пипнете одозгора. Треба да е мека површината но сепак да се чувствува како коричка. Кругчињата не смеат да бидат препечени.
    9. Сервирани падобранци9.Оставете ги да се оладат, а потоа спојувајте ги по две по големина. Ставете од филот со помош на нож врз едната половинка, залепете со другата и завртете ја горната за филот подобро да се распореди. Веднаш ставете ги во фрижидер и оставете ги преку ноќ пред да ги послужите.