За денешниот ручек ви предлагаме да подготвите шпагети со бел сос и пилешко бело месо. Брз, едноставен и превкусен оброк.
Шпагети со бел сос и пилешко
By September 8, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
За денешниот ручек ви предлагаме да подготвите шпагети со бел сос и …
Ingredients
- 1 пакетче шпагети
- 1 главица кромид
- 300 гр пилешко бело месо може да се замени со сланина
- 250 мл павлака за готвење
- 300 гр маринирани печурки
- малку сол
- малку црн пипер
- малку свеж магдонос
- малку власец
- 50 гр бадеми за декорирање
Instructions
- 1.Исечкајте го кромидот на ситни коцки и ставете го да се пржи.
- 2.Кога ќе почне да ја менува бојата, додајте го пилешкото месо исечкано на тенки ленти или мали коцки и пржете околу 5 минути.
- 3.Додадете ги печурките и пржете се заедно уште 10-тина минути.
- 4.Исцедете ги шпагетите од водата во која се вареле, додајте малку маслиново масло во нив и промешајте ги. Маслото ќе ги спречи да се залепуваат).
- 5.Кога месото ќе биде испржено, додадете ја павлаката за готвење, солта, црниот пипер и останатите зачини, и пржете со поврмено мешање додека во павлаката не почнат да се појавуваат меурчиња (пред да почне да врие).
- 6.Ставете ги шпагетите во длабоки чинии, истурете го сосот врз нив (а може и да ги измешате со сосот пред да ги ставите во чинијата), и посипете ги со пармезан.
- 7.За крај, посипете ги парчиња бадеми кои сте ги пропржиле во тавче без масло, или сте ги запекле во микробранова печка, и посипете малку магдонос за декорација врз целата чинија.
- 8.Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна