Овие бисквити се традиционални во земјите на Бенелукс, Франција, Германија…. Може да се сретнат со различни имиња, а повеќе за ова може да се прочита на Википедиа, а представуваат тенки бисквити со прекрасен вкус и мирис  кои многу долго време остануваат крцкави ако правилно се чуваат.

(при приготвување на овој рецепт, Валентина користи зачин за медењаци која сами  го подготвува. Рецептот може да го видите на следниот линк: http://migusto.mk/zacin-za-medenjaci/.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

Spekulatius бисквити

By Валентина Крстевска Published: December 31, 2013

    Овие бисквити се традиционални во земјите на Бенелукс, Франција, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Напомена: лажичката за сите состојки треба да биде рамно наполнета, не преполнета.
    2. 2.Измешајте го просеаното брашно со кората од лимон и зачинската мешавина.
    3. 3.Во длабок сад изматете го пенесто путерот со шеќерот, додајте го и јајцето и повторно изматете убаво. Додајте и половина од смесата со брашното, матете со миксер да се изедначи.Додајте го и преостанатото брашно и месете со ракасе додека не добиете нежно меко тесто. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер да одстои најмалку 5-6 часа. Вака завиткано и оставено во фрижидер, тестото може да стои и по неколку дена и да се користи по потреба.
    4. 4.Тестото оставете го на собна температура десетина минути за малку да се стопли, потоа ставете дел меѓу слоја најлонска фолија и рассукајте тенка кора од која ќе ги формирате бисквитите. Поставете ги на плех на хартија за печење,нема потреба да ги оддалечувате бидејќи речиси не се менуваат во печењето.
    5. 5.Наместо со посебни калапи, бисквитите може да се формираат и со најобични модли или само едноставно со нож да се исечат корите во правоаголници и квадрати, бидејќи вкусот, а не изгледот е она со што ќе ве воодушеват.
    6. 6.Печете ги на 175 степени максимум 8 минути.
    7. 7.НАПОМЕНА: ако се убаво тенко формирани, но и поради путерот во составот, бисквитите многу бргу горат, затоа обрнете внимание при печењето. Откако ќе се оладат, чувајте ги во метална кутија.