Супер вкусни стапчиња кои се одлични во моментите кога сакате да грицнете нешто. Јас ги направив со чајна салама и сиренце, а вие можете да ставите нешто и по ваша желба. Тестото е превкусно, па затоа која комбинација и да ја направите нема да погрешите.
Стапчиња со чајна салама
By May 11, 2014
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 30 mins
Супер вкусни стапчиња кои се одлични во моментите кога сакате да …
Ingredients
- 300 г брашно
- 150 мл млеко
- 1/3 коцка свеж квасец
- 2 лажици масло за готвење
- 70 г чајна салама
- 70 г биено сирење
- 1 лажичка шеќер
- малку млеко (за премачкување на стапчињата)
Instructions
- 1.Чајната салама исечкајте ја на мали коцки, а биеното сирење изрендајте го.
- 2.Во подлабок сад, ставете ги сите состојки и замесете потврдо тесто. Покријте го со крпа и оставете го на топло, бареме еден час или се додека дупло не нарасне.
- 3.Стасанато тесто поделете го на десет идентични топчиња и секое топче, со помош на раце, ролувајте го за да добиете форма на стапчиња.
- 4.Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и ставете ги стапчињата. Оставете ги околу 15-тина минути или се додека не се загрее рерната.
- 5.Пред печење, намачкајте ги со млеко за добиете рустичен изглед. Печете ги на 200 степени околу 15-20 минути или се додека не добијат златна боја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна