На многумина еден од омилените десерти и тоа со причина. Превкусна домашн штрудла со вишни подготвена од вештите раце на Валентина Крстевска.
Штрудла со вишни Recipe
By November 26, 2015
Published:На многумина еден од омилените десерти и тоа со причина. Превкусна домашн …
Ingredients
- 500 г кори за баклава
- 600 г вишни
- 50 г путер
- 9 лажици шеќер
- 2 кутивчиња ванила кристали
- 1 кесичка ванила пудинг
- 100 г маргарин
- 50 г шеќер во прав измешан со 1 кутивче ванила кристали
Instructions
- 1.Се чистат вишните од семките.
- 2. Во длабок сад се растопува путерот во него се додаваат малку исцедените вишни и смесата кратко се пропржува.Потоа во садот се додава дел од сокот испуштен од вишните откако тие малку ќе се исцедат.
- 3.Во остатокот од сокот кој го испуштиле вишните се раствора пудингот, шеќерот и ванила кисталите. Ова се додава во претходната смеса откако кратко ќе зоврие.На тивок оган се вари кремот додека да се згусне, потоа се прекрива со проѕирна фолија и се остава да се излади.
- 4.На работната површина се простира првата кора.Се премачкува со тенок слој маргарин, а врз неа се постава втора кора.Една третина од корите се преклопува, на средината од тој преклоп се поставуваат 3 лажици од филот, се размачкува во тенка линија од левиот до десниот крај на корите, се завиткува цврста ролничка и се поставува во тава премачкана со маргарин.
- 5. На овој начин се филуваат и сите останати кори.Одозгора се премачкуваат со стопениот маргарин.
- 6.Се пече на 175 степени во претходно загреана рерна додека ролничките да добијат златно жолта боја.
- 7.За штрудлата да остане крцкава, не треба да се покрива по печењето.
- 8.Оладените ролнички се сечат на парчиња долги 5-6 см, а одозгора обилно се посипува со шеќерот во прав помешан со ванила кристали.