На штрудли со јаболка секогаш е тешко да се каже не. Толку многу се вкусни што постојано се бара парче повеќе. Таков е и овој случај, со овој едноставен рецепт кој мами да го приготвите.

Штрудли со јаболка

By А.A. Published: January 4, 2017

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

На штрудли со јаболка секогаш е тешко да се каже не. Толку многу се вкусни …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Путерот исечкајте го на коцки. Си миксер изматете го заедно со брашното се додека не добиете зрнеста смеса. Постепено налевајте вода се додека не добиете компактно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер минимум половина час.
  2. 2.Јаболката измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на ситни парчиња. Путерот растопете го заедно со шеќерот и оставете го да се карамелизира. Додадете ги сечканите јаболка и малку запржете ги. Додадете сок од лимон, цимет и ванила и вода (доколку е потребно) , оставете да зоврие, повремено мешајќи околу 5 минути. Тргнете го и оставете го да се олади.
  3. 3.На малку набрашнета површина, расукајте тенко тестото и сечете правоаголници со големина 14 на 11 см.
  4. 4.Врз ½ од правоаголник ставете од филот со јаболка а другата половина префрлете ја врз првата. Со прсти па со виљушка притиснете ги краевите за да не истече филот, а боцнете ги одозгора за да има од каде да излезе пареата при печење.
  5. 5.Секоја штрудличка намачкајте ја со изматено јајце и печете ги на 180 степени околу 20 минути или се додека не добија светло кафена боја. Оставете ги да се оладат па сервирајте ги.