Помалку необична комбинација која откако еднаш ќе ја пробате ќе се уверите дека функционира совршено. Одличен баланс на вкусови, но и на мириси кои мамат и отвораат апетит. Испробајте и пишете ни како ви се допадна овој наш предлог.
Свинско со јаболка
By October 20, 2015
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
Помалку необична комбинација која откако еднаш ќе ја пробате ќе се …
Ingredients
- 800 г свинско каре
- 100 г сланина
- 3 јаболка
- 1 главица кромид
- 500-700 мл коцки за супа
- малку мајчина душичка
- малку рендан ѓумбир
- масло за готвење
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Кромидот излупете го и исечете го на парчиња. Во подлабока тава, на малку загреано масло, на умерен оган , запржете го кромидот и ѓумбирот. Сланината исечкајте ја не многу ситни парчиња и неа додадете ја во тавата.
- 2.Свинското каре исечкајте го на парчиња со големина од 2-3 сантиметри. Во тавата додадете го месото, зголемете ја температурата и пржете го се додека не зарумени.
- 3.Јаболката излупете ги, исечкајте ги и додадете ги во тавата со месо. Зачинете со мајчина душичка, сол и црн пипер и налејте од супата од коцка.
- 4.Тавата покријте ја со поклопец и варете на умерен оган околу еден час. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна