Доколку сте голем љубител на сувото овошје овие мини тортички се вашиот прав избор. И не само што се вкусни, овие тортички се и здрави и неверојатно брзо се приготвуваат. Совет, за овие тортички можете да искористите бил кој тип на суво овошје, резултатот е подеднакво вкусен.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Тортички со суво овошје

By May 8, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 30 mins
Доколку сте голем љубител на сувото овошје овие мини тортички се вашиот …
Ingredients
- 150 г брашно
- 100 г интегрално пченично брашно Виталиа
- 100 мл ладно цедено сончогледово масло Виталиа
- 30 г SoVita соино млеко во прав (или 2 супени лажици)
- 50 г Демерара кафеав шеќер Виталиа
- 150 г суво овошје (брусница, папаја, ананас)
- 200 мл вода
- 3 лажици ливадски мед Виталиа
- ½ лажичка прашок за пециво
- ¼ лажичка сода бикарбона
Instructions
1.Во сад заедно се мешаат двата типови на брашно, се додава прашок за пециво, шеќер и сода бикарбона.
2.Се додаваат соиното млеко, медот, сончогледовото масло и водата. Сите состојки добро се замешуваат за да се добие еднолично тесто. Во смесата се ставаат исечканите парченца овошје.
3.Со смесата се полнат силиконски калапчиња. Ако користите некои други калапчиња кои се подложни на залепување најдобро е да ги премачкате со малку маргарин или масло.
4.Печете на 200 степени, околу 15 минути. Од овие состојки излегуваат 20 тортички.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна