Нашата пријателка Валентина ни кажа дека ова е рецептот по кој со децении во нејзиното семејство се прави туршијата која за нив е идеално погодена по вкус…
Туршија
By November 22, 2013
Published:Нашата пријателка Валентина ни кажа дека ова е рецептот по кој со децении …
Ingredients
- 2 кг карфиол
- 2 кг пиперки за туршија
- 2 кг моркови
- 2 кг зелени домати
- 2 кг зелени динчиња
- 300 г сол
- 300 г шеќер
- 250 мл есенција
- 2+8 л вода
Instructions
- 1.Зеленчукот се чисти, мие и реди во сад наменет за туршија, кој убаво може да се затвори. Се остава да престои, а утредента се прелива со пресолот.
- 2.Се прави пресол од 2 литри вода, солта, шеќерот и винобранот.
- 3.Се префрла во друг голем сад и се додава есенцијата и уште 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот,ако е потребно, се прицврстува зеленчуокот да не „лета„ нагоре, садот се затвора и по десетина дена туршијата е готова.
- 4.НАПОМЕНА: според овој рецепт разниот зеленчук може да биде застапен по ваша желба, важно е само вкупното количество да биде 10 кг.
- Cuisine: Зимница
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна