Брзо, вкусно и колоритно. Супер ручече за приготвување во оние моменти кога немате премногу време, а сакате да си направите оброк по дома.Направете ја оваа комбинација и уверени сме дека ќе ви стане една од омилените. Добар апетит.
Запечена тестенина со туна
By December 13, 2013
Published:- Prep: 35 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Брзо, вкусно и колоритно. Супер ручече за приготвување во оние моменти …
Ingredients
- ½ кромид (исчистен и исечкан)
- малку масло за готвење
- 1 лажица пченкарно брашно
- 120 мл вода
- 400 мл сос од домати
- 1 лажичка оригано
- малку сол, црн пипер
- 200 г туна во парчиња (исцедена)
- 200 г тестенина по желба
- 25 г путер (сос)
- 2 лажици брашно
- 300 мл млеко
- 50-100 г спанаќ (исчистен и исечкан)
- 100 г кашкавал (рендан)
Instructions
- 1.Рерната загрејте ја на 180 степени. Тестените подгответе ги според упатството на кесичката, исцедете ги и измијте ги со ладна вода.
- 2.Кромидот ситно исечкајте го и во подлабок сад, на масло за готвење запржете го. Пченкарното брашно растворете го со вода, измешајте го со доматниот сос и сипете го садот со кромидот. Откако ќе зоврие зачинете со оригано, сол и црн пипер и оставете да се вари околу 5 минути.
- 3.Во садот додадете ја туната и сварената тестенина.
- 4.Подгответе го сосот: во тава, на тивок оган растопете го путерот па додајте го брашното. Потоа постепено додавајте млекото се додека бешамел сосот не се згусне. Зачинете со сол, црн пипер и оригано. Доколку ви се чини дека сосот е густ, слободно додадете уште малку млеко. Накрај додадете го спанаќот и добро промешајте.
- 5.Тавата за печење намастете ја, истурете ја туната измешана со тестенината а одозгора истурете од сосот. По желба, нарендајте пармезан и печете околу 25 минути се додека не добие златно-кафена боја.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна